За една година бројот на невработени намален за 700 лица

Bez autora
Aug 01 2011

Бројот на невработени лица во Општина Велес полека се намалува. Според последните подотаци на Агенцијата за вработување до јуни годинава како невработени се водат 13.223 лица. Две третини од нив, 9.055 лица, се од Велес, а останатите 4.100 се жители на околните села. Во споредба со периодот од пред една година бројот е намален за 700 лица, а од 2007 година до денес бројот на невработени е намален за 1.600 лица. Од Агенцијата велат дека најголем број работа обезбедиле во новоотворените конфекциски компании и во помалите и средни фирми кои свои погони отворија во индустриската зона комплекс УЗУС. Немал број велешани, пак, за да обезбедат егзистенција, заминаа на работа во странство. И покрај значително намалениот број невработени лица, велешани сметаат дека економската состојба во овој некогаш град на индустријата не е на потребното ниво.

За една година бројот на невработени намален за 700 лицаБројот на невработени лица во Општина Велес полека се намалува. Според последните подотаци на Агенцијата за вработување до јуни годинава како невработени се водат 13.223 лица.

Две третини од нив, 9.055 лица, се од Велес, а останатите 4.100 се жители на околните села. Во споредба со периодот од пред една година бројот е намален за 700 лица, а од 2007 година до денес бројот на невработени е намален за 1.600 лица.

Од Агенцијата велат дека најголем број работа обезбедиле во новоотворените конфекциски компании и во помалите и средни фирми кои свои погони отворија во индустриската зона комплекс УЗУС. Немал број велешани, пак, за да обезбедат егзистенција, заминаа на работа во странство. И покрај значително намалениот број невработени лица, велешани сметаат дека економската состојба во овој некогаш град на индустријата не е на потребното ниво. Според нив надлежните треба многу повеќе внимание да посветат на обезбедувањето на уште поповолни услови за развој на малите и средни компании за да можат да отворат нови работни места.

- Велес порано беше индустриски град со многу фабрики. Во нив во деведесеттите години на минатиот век работеа над 22.000 работници, а денес тие или се затворени или пак во нив работат мал број работници.

Верувам дека и покрај тешкотиите новата влада ќе посвети многу поголемо внимание на проблемот на невработеноста - вели жител на Велес од помладата популација.

Од Агенцијата велат дека загрижува тоа што од сите навработени 697 се лица со завршено високо образование, а има и 14 магистри.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik